Политика за труд и човекови права

“Дојран Стил “ во целост ја спроведува Политиката за  Труд и човекови права   која се заснива на Политиката на Холдингот компанијата “  Виохалко “ чијашто членка е и “Дојран Стил“

Компаниите Виохалко го признаваат правото на сите вработени и засегнати страни да работат достоинствено и веруваат дека секој во Компаниите е должен да ги почитува  човековите права.

Во рамките на Виохалко, посветеноста на етичките принципи е исклучително важна. Компаниите Виохалко ги поддржуваат и почитуваат основните принципи, како што е наведено во Универзалната декларација за човекови права. Компаниите Виохалко ја поддржуваат заштитата на меѓународните човекови права во целиот синџир на вредности во  бизниснот и нема да бидат соучесници во кршењето на човековите права. Политиките и процедурите на компаниите се придржуваат кон сите важечки домашни закони кои се однесуваат на слободата на здружување и колективно договарање, недискриминација, принудна работа и ангажирање на малолетни работници на работното место.

Посветеноста на Виохалко се потпира на принципите што се однесуваат на основните човекови права содржани во Декларацијата на МОТ за основните принципи и права при работа.

Недискриминација

Виохалко ја почитува различноста и избегнува каква било форма на неправедна или незаконска дискриминација при вработување или ангажман , промовирајќи култура каде луѓето ја препознаваат вредноста што ја носи разновидната работна сила. Компаниите Виохалко вработуваат , оценуваат и управуваат на начин што не прави дискриминација во однос на полот, расата, религијата, возраста, брачниот статус, попреченоста, сексуалната ориентација, националноста, политичкото мислење, поврзаноста со синдикатот, социјалното или етничкото потекло. Се поттикнува разновидноста на работното место на сите нивоа.

Еднаквост и еднакви можности

Компаниите Виохалко не толерираат никаква дискриминација од раса, пол, религија, возраст, националност, социјално или етничко потекло, попреченост, верување, сексуална ориентација или политички и синдикален ангажман. Овие принципи се применуваат за вработување на нови вработени, за вработени со договор за вработување и за професионално унапредување на нивните вработени. Единствените одлучувачки фактори за вработување се перформансите, искуството, персоналитетот, ефикасноста, вештините и квалификациите.

Слобода на здружување

Компаниите Виохалко ја поддржуваат слободата на здружување и ефективното признавање на правото на колективно договарање. Компаниите Виохалко ќе ги почитуваат правата на вработените слободно да се здружуваат, организираат и здружуваат преговараат  во согласност со важечките закони и прописи, како поддршка на нивните заеднички интереси без страв од казнени дејствија како што се заплашување, малтретирање или престанок на работниот однос.

Без принудна работа

Компаниите Виохалко отфрлаат каква било форма на принудна работа. Сите работи извршени во компаниите мора да бидат доброволни. Во компаниите на Виохалко не се толерира никаква форма на принудна, задолжителна работа.

Малолетни работници (без детски труд)

Компаниите Виохалко забрануваат вработување на лица под важечката законска минимална возраст за работниците. Минималната возраст за вработување е 18 години.

Без малтретирање

Компаниите Виохалко работат заедно на решенија кои носат бенефит за нивниот бизнис и заинтересираните страни. Не е дозволено малтретирање (вклучувајќи ги сите форми на сексуално вознемирување и вознемирување врз основа на други законски заштитени категории), мобинг , грубо или непочитувачко однесување и непристојни коментари. Компаниите Виохалко забрануваат какви било дејствија или закани за насилство додека вршат задачи  во или надвор од просториите на Компаниите.

Работно време, плати и бенефиции

Компаниите Виохалко ги компензираат своите вработени со плати и бенефиции што ги исполнуваат или надминуваат законски потребниот минимум. Договорите за вработување  мора да бидат во писмена форма и да  содржат договорени правила и услови. На вработените во компаниите Виохалко им се гарантира почитување на работното време утврдено според националните закони и индустриски стандарди. Прекувремената работа е доброволна и вработените се надоместуваат за прекувремена работа во согласност со локалните закони.

Обуката се обезбедува за сите вработени и компаниите Виохалко  кои се посветени на еднаквост на пристапот до можностите за развој и образование.

Механизми за поплаки

Вработените во компаниите Виохалко се охрабруваат да покренат каква било поплака во врска со прекршувањата во спроведувањето на оваа Политика, вклучително и малтретирање, заплашување или дискриминаторско однесување кон вработените, сериозни здравствени и безбедносни ризици што би можеле да го загрозат здравјето и безбедноста на вработените, пошироката јавност или клиентите. Компаниите Виохалко точно ќе ги проценат пријавените работи и каде што е соодветно ќе усвојат конкретни корективни мерки.

Управување и отчетност

Одговорноста за имплементација на оваа Политика е на највисоко извршно лице одговорно за секоја компанија.

Усогласеност

Сите компании Виохалко ќе ги почитуваат одредбите од Политиката за труд и човекови права, како и националните закони и прописи.

Доколку постојат разлики помеѓу содржината на оваа Политика и националните закони или други важечки стандарди, ќе се применуваат поригорозните барања.

 

Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење