Профил на компанијата

Основан во 2006 година, „Дојран Стил“ е подружница на „Sidenor Steel Industry SA“ (Грција) и дел од сегментот за производство на челик и трговија на „Viohalco Group“.

„Дојран Стил“ обезбедува најквалитетни челични производи за различни намени. Компанијата е водечки производител на профили во Југоисточна Европа и армирачки шипки, жичена мрежа, мрежни решетки, бакарна жица за заварување, галванизирана мрежа и двојно свиткана шестаголна мрежа. Сите наши производи ги исполнуваат најновите и највисоките стандарди за квалитет и безбедност.

Постојаните вложувања во зголемувањето на производните капацитети и модернизацијата, во проширување на асортиманот на производи и во професионалниот развој и благосостојбата на вработените, овозможија понатамошно подобрување на квалитетот на производите и услугите.

Секогаш нагласувајќи ги здравјето и безбедноста на работното место, „Дојран Стил“ се стреми да обезбеди семеен дух за своите вработени, пренесувајќи им чувство на сигурност и стабилност, инспирирајќи посветеност и поттикнувајќи ја нивната продуктивност и креативност.

„Дојран Стил“ е посветена на принципите на корпоративна одговорност, со цел позитивен придонес кон општествениот и економскиот развој. Компанијата се фокусира и на намалување на своето влијание врз животната средина и на усвојувањето методи и техники што се во согласност со оваа определба.

Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење