Корпоративна општествена одговорност и политика за одржлив развој

„Дојран Стил“ е посветена на принципите на корпоративна одговорност, со цел позитивен придонес кон општествениот и економскиот развој. Преку воспоставениот Интегриран систем за управување, компанијата се фокусира на намалување на влијанието врз животната средина и усвојување методи и техники што не ѝ наштетуваат на животната средина, обезбедува најквалитетни челични производи за различни употреби, континуирано инвестира во зголемување на капацитетот, проширување на палетата на производи и дополнително зајакнување на својот квалитет и услуги, секогаш нагласувајќи ги здравјето и безбедноста на работното место.

Политика за Интегриран систем за управување:

„Дојран стил“ има за цел да имплементира висок квалитет во своите производи, да ги извршува работните активности безбедно и одговорно, да ги почитува своите клиенти, вработените, општеството и животната средина и да постигне подобрување на енергетските карактеристики преку:

  • Примена на интегриран систем за управување со квалитет, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа и управување со енергијата во согласност со барањата на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18001:2007 и ISO 50001:2011.
  • Обврска за континуирано подобрување на интегрираниот систем за управување со квалитет, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа и управување со енергијата, со цел да се постигнат добри деловни резултати, заштита на животната средина, подобрување на здравјето и безбедноста при работа и да се подобри ефикасноста на потрошувачката на енергија, да се намалат трошоците, да се оптимизираат капиталните инвестиции за енергетска ефикасност, да се намалат емисиите на стакленички гасови и да се зачуваат природните ресурси.
  • Изработка на реални, мерливи и остварливи цели за квалитет, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа и енергетски цели.
  • Минимизирање на отпадот со повторна употреба и рециклирање и оптимална употреба на енергија за процесите, производите и услугите.
  • Нула повреди, професионални заболувања и инциденти на работа – преку одржување мерки за безбедност, здравје на сите наши вработени и сите други поврзани со нашите активности.
  • Обезбедување производи со висок квалитет, задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите клиенти со сериозен пристап кон нивните коментари, поплаки и сугестии.
  • Обезбедување континуирано подобрување на нашите енергетски перформанси, поддршка за набавка на енергетски ефикасни производи и услуги, подобрување на енергетските перформанси во дизајнот и модификацијата на нашите капацитети, опрема, систем и процеси.
  • Давање целосни информации на секој вработен за неговата/нејзината одговорност и обезбедување нивно активно учество во производството на квалитетни производи, заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста при работа и енергетската ефикасност, како и континуирана обука и зголемување на компетентноста на сите вработени.
  • Хармонизација на работните процеси и понудата на производи со законодавството на локално и државно ниво и регулативите на ЕУ.
  • Ширење партнерски односи со надворешни добавувачи на процеси, производи и услуги и преку нив ширење на идејата за заштита на животната средина, здравјето и безбедноста при работа и енергетските перформанси на сите заинтересирани субјекти.
  • Транспарентност во врска со прашањата поврзани со заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста при работа, кои се однесуваат на активностите на организацијата.
  • Периодичен преглед на сите сегменти од оваа Политика, со цел да се потврди нејзината соодветност и релевантност за активностите на „Дојран стил“.
Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење