Политика за животна средина

  • Имплементираме Систем за управување со животната средина во согласност со барањата на стандардот EN ISO 14001.
  • Објектите секогаш работат во согласност со националното законодавство и законодавството на ЕУ за животна средина, како и посебните услови за работа за секој објект.
  • Ги поседуваме сите потребни лиценци и сертификати за усогласеност кои се утврдени со законодавството што ја регулира заштитата на животната средина.
  • Ракуваме со нашите капацитети одговорно и потполно свесни за влијанието врз животната средина, преземајќи ги сите соодветни мерки за да го минимизираме ова влијание, вклучувајќи и мерки за спречување на проблемите со животната средина.
  • Ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на животната средина.
  • Работиме со апсолутна транспарентност и обезбедуваме отворен дијалог со нашите партнери за прашањата поврзани со животната средина.
  • Ја комуницираме Политиката за животна средина на нашата компанија со нашите изведувачи, добавувачи и соработници.
  • Работиме исклучиво со соодветно лиценцирани компании за управување со отпадот што го произведуваме.
  • Нашиот менаџмент се залага постојано да ја подобрува ефикасноста на нашиот систем за управување со животната средина.
  • Разменуваме информации со нашите социјални партнери во духот на чесен дијалог и меѓусебно почитување.
  • Имаме воспоставено задолжителни механизми за контрола и мониторинг на животната средина и секогаш кога е возможно ги усвојуваме најдобрите достапни техники на ЕУ.
  • Нудиме обука за вработените, со цел да обезбедиме нивно активно учество во прашањата поврзани со управувањето со животната средина.
  • Редовно ги разгледуваме сите постапки и практики за да се осигуриме дека воведените мерки за заштита на животната средина се ефективни.
  • Поставуваме цели за програмата за управување со животната средина на компанијата и за континуирано подобрување на нашите еколошки перформанси и минимизирање на нашиот јаглероден отпечаток.
Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење