Политика за здравје и безбедност при работа

Клучна и трајна аспирација на компанијата е да ги заштити здравјето и безбедноста на своите вработени и сите поврзани со нас, како што се клиенти, добавувачи, изведувачи и посетители. Ние сме водени од нашето почитување на луѓето и општеството воопшто. Со цел да ја постигнеме нашата цел „Без несреќи, без болести поврзани со работа“, ние:

  • Се залагаме за строго придржување кон важечкото законодавство и целосна имплементација на стандардите и внатрешните прописи и процедури што се однесуваат на прашања поврзани со здравјето и безбедноста на работното место.
  • Ги откриваме и ги проценуваме ризиците по здравјето и безбедноста низ нашите целокупни активности. Преземаме мерки за нивна превенција, со цел да ги отстраниме.
  • Поставуваме цели на годишно ниво за најниско можно ниво на ризик во нашите производни и други активности, врз основа на конкретни постапки. Истовремено, назначуваме квалификувани вработени и поставуваме реални рокови за постигнување на овие цели.
  • Комуницираме отворено и транспарентно во врска со прашањата поврзани со здравјето и безбедноста со сите вклучени страни.
  • Знаеме дека човечкиот фактор игра значајна улога во прашањата поврзани со здравјето и безбедноста при работа и се трудиме за овие теми постојано да ги ажурираме, да ги едуцираме и да ги надградуваме знаењата на вработените и на соработниците на компанијата.
  • Ги распределуваме сите неопходни ресурси и инфраструктура за спроведување на Системот за управување со здравје и безбедност при работа, во согласност со барањата на стандардите ELOT 1801 и OHSAS 18001.
Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење