Производствени капацитети

Фабриката се наоѓа во Николиќ, на брегот на Дојранското Езеро, на околу 90 километри од Солун и 165 километри од Скопје. Затоа, нејзината локација обезбедува поволни услови за обезбедување на влезните суровини, како и продажба на готовите производи со ниски транспортни трошоци.

Под меѓународно признатиот бренд „Sidenor“, „Дојран стил“ ги произведува своите производи во модерна фабрика, опремена со најсовремени машини и автоматизација, обезбедувајќи сертифицирани и висококвалитетни производи.

Фабриката на „Дојран стил“ ги има следните производни линии:

  • Топла валалница (производство на профили и шипки за армирање бетон)
  • Жичена мрежа и решеткасти носачи
  • Галванизирана заварена мрежа
  • Двојно свиткана шестаголна мрежа
  • Бакарна жица за заварување

Вкупниот годишен производствен капацитет е околу 200.000 тони. Се планира нова инвестиција за зголемување на капацитетот на валалницата.

 

 

Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење