Услови за користење

• Одрекување од одговорност

Користењето на веб-страницата на „Дојран стил“ и сродните права и обврски се предмет на условите на ова известување.

Користејќи ја веб-страницата на „Дојран стил“, корисникот безрезервно ги прифаќа сегашните услови за користење.

Компанијата може, од која било причина и без претходно известување, да ги измени постојните услови за користење. Во овој случај, компанијата ќе ја прикачи важечката верзија на условите за користење, додека континуираното користење на веб-страницата ќе се смета за прифаќање на новите услови за користење.

Компанијата ги презема сите можни напори за да обезбеди дека содржината на веб-страницата и информациите обезбедени преку неа се точни, прецизни, јасни и целосни, меѓутоа не гарантира и не може да се смета за одговорна доколку не обезбеди постоење такви барања.

Поради оваа причина, содржината на веб-страницата е дадена на корисникот каква што е и како што е достапна.

Корисникот ги презема сите ризици што можат да произлезат од пристапот и користењето на веб-страницата на компанијата.

Компанијата нема да се смета за одговорна за каква било директна, индиректна, материјална штета или загуба на заработка од кој било вид што може да му биде причинета на корисникот на веб-страницата во врска со таквата употреба.

• Права на интелектуална сопственост

Содржината на оваа веб-страница (индикативно: информативен материјал од кој било вид, податоци, слики, графики, трговски марки, трговски имиња, логоа) претставува интелектуална и индустриска сопственост на компанијата.

Содржината на веб-страницата на компанијата е ставена на располагање на корисникот за лична употреба и компанијата му дава на корисникот неексклузивно и непреносливо право да ги користи информациите што се достапни на веб-страницата на компанијата во обем што е договорен со постојните услови.

Со исклучок на правото на користење наведено погоре, секоја промена, објавување, пренос, префрлување, репродукција, дистрибуција, презентација, преземање или експлоатација, во целост или делумно, на кој било начин или со какви било средства, на содржината на веб-страницата за комерцијални или други цели, е забрането без претходна писмена согласност на компанијата.

• Хипер-врски

Веб-страницата на компанијата може да содржи хипер-врски кон веб-страниците на трети страни. Овие хипер-врски се обезбедени исклучиво за погодност на корисникот на веб-страницата на компанијата. Компанијата нема никаква контрола врз веб-страниците на трети страни и не може да биде одговорна за нивната содржина, како и за каква било штета што му е нанесена на корисникот од пристапот и користењето на веб-страниците на трети лица.

• Заштита на лични податоци

Податоците собрани со користење на веб-страницата на компанијата се однесуваат на автоматската регистрација на технички информации, какви што се бројот на посетители, видот на интернет-пребарувачот, типот на ИТ оперативниот систем што го користи корисникот на веб-страницата на компанијата. Овие информации се користат за следење на користењето и за да се подобри веб-страницата. Во рамките на горенаведената рамка, компанијата не собира ниту складира идентификувачки лични податоци на корисникот.

Компанијата нема да прибира лични податоци на корисникот преку користење на веб-страницата (на пример, име, адреса, адреса за е-пошта), освен ако корисникот доброволно не обезбеди лични податоци за да биде вклучен во списокот на примачи за билтенот на компанијата или ако поднесе кое било барање (преку електронска комуникација).

Во горенаведените случаи компанијата може да собира и да складира лични податоци, кои ќе се користат исклучиво за целите наведени погоре.

Компанијата го задржува правото да ги евидентира овие податоци во датотеки за генерирање агрегирани статистички записи и за подобрување на содржината на својата веб-страница.

Со поднесување лични податоци, корисникот ја дава својата согласност за прибирање, користење и обработка на неговите/нејзините лични податоци според условите на постојната политика за приватност.

Корисникот на веб-страницата има право, во секое време, да ги ажурира, да пристапи кон или да се спротивстави на понатамошната обработка на неговите/нејзините лични податоци во согласност со важечките законски прописи.

За остварување на горенаведените права, секој корисник може да поднесе писмено барање на следнава е-пошта: info@dojransteel.com

Управувањето со и заштитата на личните податоци на корисникот се регулираат со постојните услови и со сите применливи закони во сила.

Компанијата нема да продолжи со известување, откривање, пренесување, ширење или поинакво комуницирање на личните податоци на корисникот без негова претходна согласност, освен ако тоа известување не е посебно побарано по закон и од надлежните органи.

• Применлив закон

Актуелните услови, сите измени и користењето на веб-страницата се регулирани со законите на Република Северна Македонија. Судовите во Скопје имаат исклучива надлежност за сите спорови што можат да произлезат од користењето на веб-страницата.

Copyright 2019 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење