Обука, развој и работни можности

Одделот за човечки ресурси се грижи за изработка на програма за обука за нашите вработени откако ќе ги процени потребите. Врз основа на програмата и на критериумите поставени од компанијата, индивидуално или како дел од тим, вработените може да учествуваат во образование и обука за прашања поврзани со здравјето, безбедноста и животната средина, како и обуки за здобивање технички знаења и вештини.

Оценката на резултатите не претставува конкурентна алатка, туку корисна алатка за постигнување на личните и корпоративните цели. Преку овој процес можеме да ги препознаеме напорите, да ги откриеме потребите за обука, да ги решиме сите можни проблеми и да поставиме нови, појасни цели за нашите вработени. Конкретно, процесот вклучува:

  • Преглед на целите поставени за време на претходната евалуација на резултатите.
  • Поставување нови цели за наредната година.
  • Идентификување на предностите и областите каде што е потребно подобрување.
  • Истражување на потребите за обука и развој.
  • Коментари за ефикасноста во целост.

Нудиме континуиран развој за нашите луѓе во безбедна и креативна работна средина, награди и алатки за да можат да станат најдобри во својата област.

Нашата компанија нуди еднакви можности за вработување на сите. Вработените се ангажирани исклучиво врз основа на нивните квалификации и потребите на нашата компанија, а не врз основа на раса, боја на кожа, националност, род, пол, сексуална ориентација, возраст, верска припадност, ментална или телесна попреченост, брачен статус или политички убедувања.

Нашите луѓе се клучни за нашиот успех и затоа систематски инвестираме во животниот циклус на нашите вработени. Ние сакаме да одржуваме одлична и безбедна работна средина, која ги почитува фундаменталните вредности и го поддржува кариерниот развој на вработените. Преку континуирана обука се грижиме за систематско и корисно образование на нашите луѓе, ја промовираме соработката и се залагаме за негување клима на доверба и тимска работа низ целата компанија.

Како да се аплицира:
Откако ќе бидете подготвени да го испратите вашето CV, следете ги чекорите подолу.
1. Пополнете го формуларот за апликација

Employee Application Form (HR_2.3_EA) en_Dojran Steel

2. Поднесете го формуларот за аплицирање: Апликациите треба да се испратат на е-пошта Recruitment@dojransteel.com, со нивната тема: “Име Презиме”.
Не заборавајте да ги приложите сите достапни документи како што се биографија и мотивационо писмо. Ние не би биле во можност да ја обработиме целосно вашата апликација доколку го нема вашиот потпис.

 

Copyright 2023 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење Manage Cookie Preferences