“Дојран Стил “ во целост ја спроведува Политиката за Енергија и климатските промени која се заснива на Политиката на Холдингот компанијата “ Виохалко “ чијашто членка е и “Дојран Стил“
Оваа Политика го потврдува нашиот пристап да се биде дел од глобалниот напор за справување со климатските промени. Како значајни потрошувачи и на необновлива и на обновлива енергија, ние сме посветени на купување и користење на енергија на најисплатлив, ефикасен и еколошки одговорен можен начин.
За да го постигнеме ова, ние ќе:
- ќе се усогласуваме во целост со сите законодавства поврзани со енергијата и соединенијата на јаглеродот и другите регулаторни барања и барања за известување
- континуирано подобрување на енергетската ефикасност со имплементација на ефективни програми за управување со енергија кои ги поддржуваат сите операции додека обезбедуваат безбедна и удобна работна средина
- евалуација на сите инфраструктурни инвестиции (нова опрема, обнова на постоечка опрема) и нови производствени процеси врз основа на придонес за енергија и редуцирање на јаглеродни емисии
- Развивање стратегија за ефикасно идентификување и намалување на јаглеродното влијание ; директно и индиректно на компанијата и нејзините производи.
- Вклучување во реномирани иницијативи за воспоставување програма за намалување на јаглеродното влијание низ синџирот на вредност и вклучување на сите засегнати страни.
- Обезбедување дека има доволно надзор од страна на на Менаџментот за прашања поврзани со енергетската ефикасност и емисиите на стакленички гасови.
- Обука на вработените во практиките за управување со енергија според нивната улога и област на влијание
- Активно вклучување на трговските и јавните тела за развој и имплементација на најдобри практики
• Редовно прегледување и известување за нашите перформанси и преглед на Политиката во однос на нејзината релевантност за потребите на бизнисот и засегнатите страни.