Идентитет на контролорот на податоци
Дојран Стил Дооел, лоциран во с.Николиќ ул.1 бб Дојран, Северна Македонија ги контролира вашите лични податоци, изразито за договорените цели, како на пример воспоставување и извршување на договорна обврска, усогласеност со законските обврски, зачувување на нејзините легитимни интереси или по ваша согласност.
Лични податоци кои се обработуваат
Личните податоци што се обработуваат се однесуваат на: индивидуалните физички клиенти и претставници на правни лица – клиенти, соработка со трети лица или подизведувачи, посетители, како и апликанти за вработување.
Податоците се однесуваат на:
- Детали за контакт, и тоа: име, работодавач, адреса на работодавач, е-пошта и телефонски број.
- Информации за безбеден влез и престој во просториите на Компанијата, како што се лична карта / пасош / дозвола за престој, сообраќајна дозвола и возачка дозвола.
- Информации за пребарувачот или уредот што ги користите за пристап до нашата веб-страница
- Понатаму, за клиенти, кои соработуваат со трети лица и подизведувачи:
o детали за плаќање, испорака и фактурирање
o Потребни документи за работа на трети лица во нашите простории.
или апликанти за работа:
o име, адреса на живеење, е-пошта, телефонски број и документација како средство за нивна верификација.
o Датум на раѓање, семеен статус, националност.
o Детали за осигурителната и пензиската шема.
o Историјат на вработувања и образование.
o Референци.
o Сите други информации што може да ни ги дадете преку документите кои ги доставувате.
Кој ги обработува вашите лични податоци
Обработката на податоците е ограничена на она што е апсолутно неопходно и извршено од нашата компанија, другите компании во Виохалко групацијата, како и соработка на 3 лица и подизведувачи во наше име, заради успешно исполнување на договорените цели. Личните податоци не се предаваат никому. Личните податоци се споделуваат со трети лица кои се неопходни за да се обезбедат бараните услуги и производи и заради олеснување на договорената соработка помеѓу вас и нашата компанија или со законските органи како дел од нашите законски обврски.
Личните податоци можат да бидат испратени до други компании во рамките на групацијата Виохалко, како и при соработка со трети лица и подизведувачи, вклучувајќи ги нивните објекти во рамките на ЕУ / ЕЕА или во Северна Македонија, Косово, Србија
“Cloud” услуги може да се користат во рамките на ЕУ/ЕЕА
Заштита на вашите лични податоци
Намерата на нашата компанија е да обезбеди постоење на соодветни мерки на претпазливост за заштита на вашите лични податоци во која било фаза или локација на нивната обработка.
Нашата компанија, како и нашите подизведувачи и соработници, треба да превземат соодветни организациски и технички мерки за да обезбедат заштита на личните податоци од неовластен пристап, употреба, откривање, загуба и промена.
Чување на личните податоци
Со цел задоволување на наведените цели за обработка на вашите податоци, ние ќе ги одржуваме податоците во период според договорената намена. Сепак, можеме да ги одржуваме овие податоци подолго доколку тоа е во согласност со законот, или за пропорционални легитимни интереси на Дојран Стил, сè додека овие интереси не се веќе во сила.
Автоматско донесување одлуки и профилирање
За вашите лични податоци не се врши автоматско одлучување, вклучително и профилирање.
Вашите права како субјекти на податоци
Ве молиме, имајте впредвид дека ги имате следниве права:
- Да бидете информирани за личните податоци кои се обработуваат и да побарате за да се обезбеди копија.
- Да побарате да се корегираат податоците.
- Да побарате податоците да бидат избришани, да ја оспорите обработката на овие податоци или да побарате ограничување на нивната обработка. Имајте во предвид дека ова може да доведе до нарушување во соработката и / или понудата на услуги, според специфичните цели за кои сподатоците се обработуваат.
- За информациите кои се обезбедени само со ваша согласност, можете да ја повлечете својата согласност.
Ве молиме имајте во предвид дека во некои случаи, горенаведените права може да бидат предмет на одредени исклучоци, услови и предуслови, на пример во случаите на точка 3 и 4, можеби ќе треба да ги обработиме овие податоци дополнително, доколку тоа е во согласност со закон, или за пропорционални легитимни интереси на Дојран Стил сè додека овие интереси не се веќе во сила.
- Во случај кога сметате дека вашите лични податоци не ги обработуваме законски или не сме обратиле доволно внимание на вашите права според горенаведеното, имате право да се поднесете приговор до Надзорниот орган на земјата на вашиот престој, работа или на Дојран Стил. Деталите на Надзорниот орган за Дојран Стил се: Дирекција за заштита на личните податоци , Web site: www.dzlp.mk, адреса на е-пошта: info@privacy.mk.
Ажурирања на изјавата
Во нашите напори за континуирано зајакнување на заштитата на вашите податоци, вашите јасни и недвосмислени информации за нејзината обработка и почитување на европското законодавство и земја, сегашната изјава за приватност на личните податоци подлежи на промени
Контактирајте нè
За какви било прашањa поврзани со обработката на вашите лични податоци или за остварување на горенаведените права, Ве молиме слободно контактирајте не на тел. број ++ 389 34 219 240, или e-mail: privacy@dojransteel.com.