Наша цел е да работиме одговорно и да се фокусираме на развивање хармонични односи со локалните заедници каде што се наоѓаат нашите капацитети. Нè интересира ставот на граѓаните и балансираниот развој на овие области.
Придонесуваме кон растот на локалната економија, нудиме можности за директно вработување на граѓаните од локалните заедници, а ги охрабруваме и локалните добавувачи да станат дел од нашиот синџир на набавки. Наш приоритет е да обезбедуваме производи и услуги од локални добавувачи, кои ги исполнуваат соодветните спецификации. За да овозможиме успешен работен однос, проверуваме дали се во согласност со важечката законска регулатива, со нашите политики и системи за управување, како и со одговорните деловни практики.
Спонзорираме акции, настани и активности, кои главно се однесуваат на културата, спортот, образованието и инфраструктурата. Овие области се сметаат за важни од страна на локалните заедници каде што сме активни и веруваме дека можеме да придонесеме.