Визија
Да бидеме водечки производител на челични производи преку нашите вработени и нашата технолошка извонредност.
Мисија
Безбедно да создаваме и да нудиме производи од челик и услуги што додаваат вредност за нашите клиенти, овозможуваат задоволителен поврат на вложувањата за нашите акционери, поттикнуваат гордост и награда кај нашите вработени, создаваат долгорочни односи со нашите продавачи, како и одржливост кон околината и богатство за локалните заедници и општеството.
Вредности
Сите вработени се водени од вредности какви што се: интегритет, достоинство, транспарентност, меритократија, високи етички стандарди, како и почитување на луѓето, општеството и животната средина.