Нашите луѓе се најголемата вредност на нашата компанија во нејзината цел за континуиран раст. Успехот на „Дојран стил“ е поврзан со квалитетот на нашата работа и резултатите на нашите вработени, без оглед на нивните позиции или должности. Нашите репутација и имиџ се резултат на нашето правилно однесување и постапки кон другите.
Ние возвраќаме со почитување на правата на нашите вработени и со примена на сите одредби од Законот за работни односи; нудиме еднакви можности, фер третман и заштита од дискриминација; имаме политика на отворени врати за решавање каков било проблем на вработените; обезбедуваме плати според заслуга и ги покриваме сите трошоци за понатамошен развој и едукација на вработените.