Ефикасна употреба на природните ресурси, емисии во воздухот и управување со отпадот

 

Употреба на водата

Водата е скапоцен ресурс и нејзиното ефикасно користење е сечија обврска. Компанијата ги презема сите неопходни чекори за да ја рационализира употребата и да ги ограничи потребните количини на минимално можно ниво.

Заштита на биодиверзитетот

Локациите во кои работи компанијата не се сместени во области со статус за заштита на биолошката разновидност. Сепак, компанијата цврсто верува во виталната важност на природата и биолошката разновидност, така што секој случај на какво било влијание на животната средина кое може да произлезе како резултат на работењето на производствените единици, останува во границите утврдени со законите и прописите.

Доверливост на мерењата

Мерењата на нивоата на прашина околу фабриката се вршат од независни субјекти. Резултатите од мерењата покажуваат дека во сите случаи нивото на прашина останува во границите утврдени со законите и прописите. Истовремено, со специјални инструменти се врши постојано мерење и евиденција на нивоата присутни во близина на точките на емисија (фабрички оџаци).

Управување со отпадот

Компанијата спроведува практики за управување со отпадот, чија цел е заштита на животната средина. Управувањето со нус-производите и отпадот создаден во сите производствени единици во склад со животната средина се врши во согласност со следните основни принципи:

  • Избегнување да се генерира отпад,
  • Повторна употреба,
  • Рециклирање,
  • Оптимизирање на употребата на енергијата/обновување на енергијата и
  • Рационално одлагање.

Управувањето со отпадот се врши во соработка со специјализирани компании од областа на алтернативните системи за управување, кои ги поседуваат законски потребните одобренија и со лиценцирани компании (според категорија на отпад) специјализирани за собирање, транспортирање, управување и обновување на отпадот.

Најголемиот дел од создадениот отпад е насочен кон рециклирање и обновување на енергијата, а само мал дел се отстранува.

Copyright 2023 Dojran Steel | All Rights Reserved | Dojran Steel

Услови за користење Manage Cookie Preferences