„Дојран Стил“ може да испорача квалитетни и сигурни полни заварувачки жици за заварувачки апликации (GMAW/MAG).
Нашите полни жици за заварување ги задоволуваат најстрогите барања во градежништво, бродоградбата, индустријата за суровини, енергетиката, како и хемиската и прехранбената индустрија.
Достапни се два главни вида полни заварувачки жици (AWS 5.18: ER70S-6/DIN 8559: SG2 и SG3) погодни за апликации со нелегирани, средно и нисколегирани челични заварувања во различни димензии (Ø0,80; 1,00; 1,20; 1,60mm) и пакување (5, 15 кг).